ФИТР со поддршка на првиот Балкански претприемнички самит во организација на Creative Hub. Претставени можностите и портфолиото на ФИТР- Влада на Република Северна Македонија, а со своја презентација учествуваа и дел од македонските компании поддржани од Фондот.
Овој самит е прв од ваков тип кој се одржува во Скопје и ги обединува најуспешните бизнисмени од регионот, глобалниот маркетинг директор на „Диор“, сериски претприемачи, директори на venture инвестициски капитал фирми…
Ден пред одржувањето на Балканскиот претприемнички самит беа организирани и B2B средби помеѓу дел од македонските иновативни, кофинансирани од ФИТР со Еван Лутра, сериски претприемач, инвеститор и почесен доктор на науки за blockchain технологија.