ФИТР ќе додели 5 милиони евра за 30 компании за проекти за иновации

Триесет компании ќе поделат 5 милиони евра за проекти за иновации. Фондот ги одбра меѓу 487 апликации за комерцијализација на иновации. Избраните ќе треба да брцнат и во својот џеб и да обезбедат дополнителни 2,3 милиони евра за проектите, со што вкупната вредност на иновациите изнесува над 7 милиони евра. Фирмите се главно од областа на ИТ секторот, но и од земјоделство, фармација, услуги.

Првиот човек на фондот Деспотовски тврди дека иако првично се пријавиле 6 компании кои декларирале дека имаат блиски релации со поранешни или актуелни функционери, сепак нема такви меѓу 30-те одбрани. Очекува повеќе пари со ребалансот на буџетот, сумата да се зголеми на 12,5 милиони евра, а бројот на поддржани компании да стигне до 80.

Други пак компании кои се пријавиле на овој повик, ќе бидат упатени да се пријават на друг повик. Компаниите наскоро ќе треба да потпишат договори со Фондот, по што ќе можат да користат дел од парите кои ќе се исплаќаат во фази.

Најмногу ќе се опарат три фирми на кои според првичниот план Фондот треба да им додели по околу 320.000 евра. Имињата на компаниите не се објавуваат, додека не завршат сите процедури.

Ланскиот скандал пак со трите фирми блиски до функционери, сеуште не доби разрешница. Фондот сеуште чека мислење од Антокорупциска за Комитетот да пресече дали фирмите ќе ги добијат парите. На чеќање се фирмите во кои има роднини на бившиот министер Веле Самак, на екс министерот за култура Асаф Адеми и напоранешниот амбасадор Јован Донев. Во меѓувреме пак, снаата на Цветанка Ласкова се откажа од трката за грантот.

Извор: 24Вести 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e