По апсурдни ситуации од моментално кои се случуваат во земјава не постојат. Законите се носат само колку да се види дека ги има, а потоа не можат да се имплементираат. Одамна не сум видел по жална слика за ревизорите. Го молат парламентот да им овозможи да ја контролираат владата. Тој завод треба да прегледува милијарди евра, но тоа не се случува. Ова е жална последица на низ години што се случува. Не паметам Парламент сам да си ја одзеде надлежноста да ги разгледува ревизорските извештаи, вели Герман Филков од Центарот за граѓански комуникации.
-Сите 120 пратеници до еден се виновни за ова, не може да се каже опозицијата или властга посебно. Додека пак за изборниот законик лесно се договорија, исто така и за Законот за укажувачи кој сега тешко функционира. Партиите си ги пишуваат законите сами за себе, вели Филков.
Тој смета дека идејата мандатот на државниот ревизор да трае 9 години е добра бидejќи со тоа ревизорот ќе биде на функција за време на различни влади од различни партии.
Во однос на државните пари кои се трошат од страна на институциите и политичарите на власт, Филков смета дека транспарентноста е зголемена, но засега е проблем тоа што граѓаните имаат пристап до потрошените пари само од централната власт, а не и од локалната.
-Се надевам во вториот дел од имплементирање на овој проект ќе се опфатат и општините, вели Филков.