Браво за Marko Pejchinovski! Овој подвиг покажува дека малите борци се вистински херои. Свесноста за ретките болести треба да расте бидејќи секој заслужува ист третман во здравството. Наследивме состојба каде немаше напредок во Програмата за ретки болести, каде назадувавме наместо да напредуваме.
Заедно со граѓанските здруженија направивме вистински исчекор напред. Значително го зголемуваме буџетот за ретките болести. Во 2016 година изнесувал 203 милиони денари, а оваа година зголемен е на 380 милиони денари. Воведуваме нов лек за пациентите со спинална мускулна атрофија (СМА), а воведовме и нови лекови за пациентите со: фамилијарна амилоидна полиневропатија, идиопатска белодробна фиброза, два лека за болеста Гоше и лек за апластична анемија. Продолжуваме со вистинска грижа за лицата со ретки болести.- порача Министерот за здравство Венко Филипче.