На социјалните мрежи се шират многу лажни вести околу вакцините, што влијае врз одлуката на луѓето да се вакцинираат или не. Затоа Владата почнува масовна кампања „Вакцинирај се“ за подигање на јавната свест за вакцинација.
Министерот за здравство, Венко Филипче ја осуди оваа појава, а став даде и за лекарите кои шират антиваксерска кампања на социјалните мрежи манипулирајќи со јавното мислење, изнесувајќи грешни толкувања на научни студии.