Филипче: Вакцината на „Синофарм“ е подеднакво квалитетна како и останатите

Министерот за здравство, Венко Филипче, во вечерашното интервју на „360 степени“ зборуваше за карактеристиките на кинеската вакцина од производителот „Синофарм“. Денеска од оваа вакцина пристигнаа во земјава 200 илјади дози и од вторник се очекува да започне масовната имунизација на населението.

„Синофарм“ во секој момент очекува одобрување за итна употреба и од Светската здравствена организација, но досега нема најави за нејзина регистрација од Европската агенција за лекови (ЕМА).

„Не е тоа нешто што треба да загрижува ниту пак е индикатор за безбедноста на вакцината. Според нашите стручни лица кои работат во делот на квалитет на вакциниците и во креирање на вакциналниот календар. Кај нас се земаат предвид тие сертификати за кои стручните лица сметаат дека се соодветни, а тие сертификати за квалитет кои ги издаваат и производителите и контролните лаборатории на барање на производителите ги имаат сите вакцини коишто во моментов не се одобрени од ЕМА од различни причини. Некои аплицираат и сè уште не стигнале до таа фаза, некои не ни имаат намера да аплицираат, зашто сосем соодветно функционираат нивните лаборатории, но имаат и таков пристап. Кинеската вакцина на „Синофарм“ е една од тие вакцини. Ние немаме најава дека кинескиот производител „Синофарм“ воопшто ќе аплицира во ЕМА, но тоа не значи дека вакцината не е кавлитетна. Ги пратиме студиите во кои ефикасноста е исклучително висока и тоа за нас е сосема доволно“, рече Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e