Филипче: Срцето на нашата хумана сограѓанка продолжи да чука во градите на човек кој добива втора шанса за живот

Министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил напиша дека срцето на хуманата сограѓанка продолжи да чука во градите на човек кој добива втора шанса за живот.

„Органодарителството е највисок акт на хуманост. Држиме среќа телото да го прифати новиот орган“, додава Филипче.

Министерот претходно посочи дека утрово, на клиниките за Кардиохиругија и Урологија започна трансплантација на срце и бубрези од починат донор. По интензивни подготовки во текот на ноќта, рано утрово беше завршена експлантацијата на срце и бубрези од донорот- 42 годишната пациентка која ја загуби битката со животот и чија последна желба била нејзините органи да бидат донирани. Трансплантацијата на срце се врши кај пациент кој подолго време е на листата за трансплантација, а бубрезите ќе бидат трансплантирани кај двајца пациенти на 40 сетина години кои се на дијализа. Почнувајќи од мај 2020 до сега извршени се експлантации од 7 починати донори, а трансплантирани се 5 срца, 12 бубрега, 1 коскено ткиво.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e