Сега е изборен период и законот не спречува, но веднаш после избори директорката ќе биде разрешена изјави на пресконференцијата министерот за здравство Венко Филипче по објавување на информацијата дека директорката на клиниката била заразена со корона вирусот и дека такво нешто не пријавила и ги ставила во опасност и колегите и пациентите.
Како што истакна Филипче директорката освен разрешување можно да се соочи и со кривична постапка за нарушување на јавното здравје но сето тоа зависи од обвинителството кое треба да одлучи дали ќе поведе постапка.
Пациентите и вработените од клиниката се ставени под изолација.