Филипче се сретна со семејството на донорот на срце и бубрези

Министерот за здравство Венко Филипче на својот ФБ профил објави дека денеска се сретнал со семејството на жената донор на срце и бубрези, која спаси три човечки животи.

– Утрово се сретнав со семејството на 40 годишната Јасмина, жената донор на срце и бубрези, која спаси три човечки животи. Немам зборови со кои може да ја опишам големината и човечноста на семејството Василковски кои во саботата во моменти на најголема болка, одлучи да ги донира нејзините органи. Јасмина беше мајка на 10 месечно бебе, посветена сопруга, добра сестра и снаа. Василковски се скромни луѓе, нивниот хуман и несебичен гест,никогаш нема да го заборавиме, остануваме поддршка и секогаш сме овде кога ќе треба да им се помогне, напиша Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e