Филипче: Се посветуваме на системот на имунизација

Венко Филипче, министерот за здравство се обрати на јавноста по повод пристигнувањето на денешните 24 илјади дози од вакцината „АстраЗенека“ на скопскиот аеродром.

„Сакам да се заблагадорам на САД, Германија, Франција, на претставниците на УНИЦЕФ со кои го оргнизиравме преносот, транспортот на овие вакцини. Станува збор за 24 илјади дози од АстраЗенека. Сега ние сме целосно посветени на системот на имунизација да се спроведе брзо и ефикасно“, рече Филипче.

Министерот најави доаѓање на уште вакцини во следниот период, и призна дека оваа пратка доаѓа со недели задоцнување, напоменувајќи дека сите земји се соочени со овој предизвик.

„Имаме најава дека ќе дојдат и други вакцини до крајот на овој месец. Ова доаѓа со недели задонување, но имајќи во предвид дека сите земји се соочени со овој предизвик, добро е што системот покажа дека функционира, и добро е што имаме сигнали дека ќе продолжи да функиоцнира на овој начин и ќе имаме информација кога ќе пристигнат вакцините и да продолжи овој континуитет.“, истакна министерот за здрвство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e