Прашање на време е кога индискиот сој на вирусот ќе стане доминантен во Европа, затоа е важно што поголем број граѓани да се вакцинираат во овој период на стабилна епидемиолошка состојба,напиша министерот за здравство Венко Филипче на својот ФБ профил.
Тој истакнува дека само масовна вакцинација е единствениот начин да се победи пандемијата.
-Вакцини има во доволна количина и сите се безбедни и ефикасни. Последните информации кои пристигнуваат од Европската агенција за лекови се дека вакцините се ефикасни и за новите соеви што ни влева многу надеж. Само заеднички може да се заштитиме и да амортизираме евентуален нов бран наесен, напиша Филипче на ФБ.