Владата предводена од премиерот Зоран Заев ја има довербата од пратениците! Владата е стабилна и продолжува со реализација на програмата во интерес на граѓаните. Се докажа дека опозицијата со недели манипулирала во јавноста тврдејќи дека има мнозинство. Политикантството на ВМРО-ДПМНЕ не и носи ништо добро на државата и ги кочи сите процеси во Собранието. Искрено верувам дека конечно ќе прекинат со ваквата пракса и ќе почнат да делуваат конструктивно. Владата предводена од СДСМ останува посветена да ја води државата низ овие турбулентни времиња.
ФБ статус на Венко Филипче