Кои се компикациите кои може да се случат по примањето на вакцината против коронавирусот?
На ова прашање одговори министерот за здравство Венко Филипче во дебатното издание на „Клик Плус“ на ТВ21.
„Компликациите се движат во рамките на тоа што се вообичаени компликации кога се примаат и останатите вакцини, што може да се очекува? Со оглед на тоа што станува збор на процес во кој што се создаваат антитела, значи се имитира инфекцијата со значајно ослабен предизвикувач, дали е целосно умртвен вирус или дел од RH во зависност од типот на вакцината“, објаснува Филипче.
Тој вели дека тоа што може да се случи е некаква лесна и блага форма на болеста.
„Температура кратко време, треска, локално црвенило и тоа е нешто што е вообичаено“, додава министерот Филипче.