Министерството за здравство денес соопшти дека регистрирани се 758 нови случаи со ковид, а тоа е нов знак дека кривата на новозаразени од Ковид 19 продолжува да паѓа.
Тоа го потврди и министерот за здравство Венко Филипче кој истакна дека почитувањето на мерките дава резултати.
– Да останеме одговорни и за време на празниците – нагласи Филипче.