Филипче: Пандемијата донесе тага, барам разбирање и поддршка, вакцинирајте се

Премиерот Зоран Заев на денешната зедничка прес-конференција со министерот за здравство, Венко Филиче ја промовираа Кампањата „Вакцинирај се“ чија цел ќе биде што поголем број на граѓани да ја примат вакцината против Ковид-19.

-Можам да разберам дека одредени мерки наидуваат на негодување. Секоја мерка е за што побрза имунизација и пресекување на ширењето на вирусот. Имаме постојан пораст на вакцинацијата и сакам да ни помогне секој кој смета дека вакцинацијата е единствен излез од пандемијата. Пандемијата донесе тага, ги испразни училишните клупи. Драстично ни го промени животот. Вакцинирајте се, само така се заштитувате себеси, истакна Филипче.

Филипче нагласи дека имаат постојан пораст на вакцинација, што според, како што рече, сите странски и домашни експерти е единствениот исправен пат за надминување на кризата.

Министерот нагласи дека во кампањата која ја започнува владата ќе побараат да се вклучат доктори, медицинска лица, јавни личности…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e