Филипче: Не сум се тестирал за коронавирус и немам навика да пијам витамини!

Во вечерашното издание на “Топ тема” министерот за здравство Венко Филипче на прашањето дали досега е тестиран за присуство на коронавирус, со одговор:

“Не, не сум се тестирал бидејќи не сум имал никакви симптоми. Епидемиолозите имаат доста професионален пристап, се тестираат само лица кои имаат симптоми. Всушност, нема резон да правите тест ако немате симптоми заради тоа што резултатот може да биде лажно негативен и тогаш ништо не сте направиле.” – истакна Филипче.

Со оглед на тоа дека во моментов министерот за здравство е најизложена фигура во јавноста, но и доста активен во секојдневните професионални активности заради непредвидливоста на ситуацијата, министерот беше запрашан дали користи одредени суплементи за да го издржи полесно овој напорен период:

“Немам навика да пијам витамини и минерали.” – одговори министерот за здравство Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e