Филипче не ја коментира пресудата за Чапаровски, но најави враќање на дополнителната работа во приватните клиники

Министерот за здравство Венко Филипче не сака да ја коментира пресудата за поранешниот директор на неврохирургија, Александар Чапаровски кој призна вина во случајот во кој се товареше дека примил поткуп од пациент. Вели дека не сака да коментира судски одлуки, но како министер вели дека има планови за борба против корупцијата во здравството.

-Непријатно е да коментирам судски одлуки, но по однос на борбата против корупцијата имаме неколку планови. Фокусот го ставаме на дополнителната работа на докторите, кои наоѓаме начин во законската регулатива да може на полесен начин отколку сега, своето право за дополнителна работа да го остварат како во своите матични болници и одделенија така и во приватните болници кај нас – изјави денеска Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e