Филипче на 24 ТВ: Новите пациенти се заболени како резултат на познати контакти, епидемијата стивнува

Во денешното издание на “Отворено студио” на 24 телевизија, министерот за здравство Венко Филипче, со објаснување зоштово момент кога мислевме дека епидемијата стивнува, имаме зголемување на бројот на новозаразени.

“Ова е фаза од епидемиолошката состојба, односно епидемиолошката крива со која се соочуваат апсолутно сите држави. Ние бевме свесни дека ваква ќе биде ситуацијата. Ситуацијата со вирусот апсолутно стивнува и сега е во една мирна фаза во која има апсолутна контрола во однос на преносот, на бројот на нови пациенти, слободни легла во болниците и сл. Новите пациенти се заболени како резултат на познати контакти, немаме некое изненадување да не знаеме од кој контакт се заразиле. Тоа е резултат на фактот дека во изминатиот период имавме воведено многу рестриктивни мерки.

Новите случаи потекнуваат од непочитување на мерките кои ги спомнуваме постојано, а за среќа има и граѓани кои ги почитуваат мерките и тоа е засекоја пофалба” – изјави Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e