Филипче: МВР требаше подобро да интервенира – ригорозна контрола и санкции

-Требаше подобро да се интервенира од страна на МВР при евидентно масовно собирање и јавни објави за истите тие собири, рече министерот за здравство Венко Филипче во вечерашното гостување во емисијата „КликПлус“ на ТВ21.

-Потребна е ригорозна контрола и санкции. Многу пати сме разговарале со Чулев дури и Комисија за заразни болести укажа на неконтролираните собири на јавни површини. Ние ги мобилизиравме сите капацитети мора и другите институции тоа да го прават во делот на контролата. Само заедно ќе успееме во оваа борба. – истакна Филипче.

-Апсолутно тврдам дека ниту една одлука на Комисијата за заразни болести била под било каков политички притисок или влијание, во неа членуваат врвни експерти од стуката. – дециден е Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e