Венко Филипче на „Фејсбук“, искажа посебна благодарност до сите медицински сестри кои учествуваат во процесот на вакцинацијата, истакнувајќи дека тие ја вршат клучната работа.
„Во процесот на вакцинација клучната работа ја вршат медицинските сестри кои секојдневно се среќаваат со безброј граѓани во А1 Арената Борис Трајковски. Овие медицински сестри како и многу други кои работат на пунктовите низ државата ги поминаа сите неопходни обуки за вршење на оваа задача која ја имаат и се промотери на самиот процес со тоа што беа вакцинирани во приоритетните категории. Благодарност до нив за одговорноста, професионалноста и енергијата која ја споделуваат со граѓаните.“, напиша Филипче на Фејсбук.