Филипче го посети Бигорскиот манастир – благодарност за поддршката и молитвите за здравствените работници

Министерот за здравство Венко Филипче за време на посетата на Бигорскиот манастир му искажал благодарност на владиката Партениј за поддршката и молитвите за здравствените работници.

-Почитуваниот доктор-неврохирург и министер во Владата беше гостољубиво пречекан од нашиот Старец и игумен, владиката Партениј и од монашкото братство. На срдечната средба во работната и гостоприемна игуменска одаја, министерот Филипче му ја искажа својата благодарност на владиката Партениј за поддршката и молитвите за здравствените работници, коишто оваа година самопрегорно и херојски го понесоа најтешкиот подвиг на пожртвувана служба за доброто на другите, информираа од Бигорскиот манастир.

Додаваат дека министерот, исто така, ја истакнал својата поддршка за благородната социјална мисија на владиката Партениј и братството за помош и исцеление на лица коишто страдаат од зависности, за што е добро запознат.

– Владиката му се заблагодари на ценетиот гостин за убавите зборови и искрената поткрепа и му посака благодатни сили и благоуспевање во неговата одговорна дејност, како и што поскоро избавување од искушението со пандемијата, посочуваат од манастирот.

Минстерот Филипче и неговата придружба, се наведува во соопштението, имаа можност одблиску да се запознаат со манастирските содржини и со дел од монашката мисија и секојдневие.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e