На денешниот состанок, Националното здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза на министерот за здравство му доделија благодарница за посветеноста и поддршката во унапредувањето на грижата за пациентите со мултипла склероза (МС).
Наместо 9 пациенти кои минатата година беа на третман со иновативната терапија Ocrelizumab, сега терапијата ја примаат 43 пациенти со МС.
Продолжуваме со вистинска грижа и здравствени политики во кои пациентот е на прво место. – порача Филипче.