Филип Петровски во Само вистина на Канал 5 изјави дека е можно да создаде фракција во партијата.
Петровски вели дека има голема поддршка од членството, дека е постојано на терен меѓу луѓето и дека нема да го „украде“ членството од претседателот Христијан Мицкоски, туку легално ќе го преземе.
Петровски рече дека целта му е да ја демократизира ВМРО-ДПМНЕ.
За себе си рече дека поминал низ една голгота, додека се случуваше изборот на лидер на ВМРО-ДПМНЕ.
„Носени се луѓе кои глумеле делегати. Членството е со мене“ – рече тој.
Тој рече дека на конгресот бил само милје за да изгледа дека конгресот е демократски.
Фракцијата вели ќе се случи за брзо време, затоа што партијата и државата според него се во опасност.