ФАО ќе го помага македонското земјоделство

Во рамки на меѓународната министерска конференција за „Значењето на пчелите и другите опрашувачи за одржливо земјоделство и безбедност на храна“, што се одржа во Брдо при Крањ, Република Словенија, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, имаше работна средба со генералниот директор на Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите Нации – ФАО , Хозе Грацијано да Силва.
На средбата се дискутираше за работата на техничките групи при Министерството и подготовката на програмската рамка на ФАО за нашата земја за периодот 2018-2020 која ќе се потпише за време на 10-тата регионална конференција LANDNAT која ќе се одржи во Скопје од 19-21 Јуни. Со ова се идентификувани областите за кои Организацијата ќе обезбеди техничка и финансиска помош за Македонија.

33063462_2152712624950265_6654258909764648960_o

Николовски на средбата потенцираше дека после 10 години, Министерството ќе назначи свој постојан претставник во мисијата на ФАО во Рим.
Генералниот директор Силва изрази силно уверување дека ФАО ќе се вклучи активно и ќе ги ангажира сите свои капацитети како главен партнер на макеоднското министерство при отпочнување на преговорите со Европската унија и отворање на поглавјата за земјоделство, рурален развој и безбедност на храна.
Воедно, генералниот директор ја презентираше финансиската рамка за Зелениот климатски фонд чија вредност е 250 милиони евра.
Оваа иницијатива е приоритет и РМ ќе се најде во портфолиото на овој фонд со свои проекти за справување со климатските промени и редуцирање на нивното штетно влијание врз земјоделското производство.
На средбата генералниот директор на ФАО го покани министерот Николовски да присуствува на Комитетот за земјоделство на ФАО кој ќе се одржи во октомври во Рим со што после долг период земјава ќе добие важна и активна улога во изработување и донесување на идните земјоделски политики на светско ниво.

Инаку со финансиска помош на ФАО во соработка со МЗШВ во тек се повеќе проекти, како проектот за консолидација на земјоделското земјиште, проектот за „Проценка на земјоделското производство преку агро-еколошко зонирање и информативен систем за управување со земјишни ресурси – Реонизација“, проект за дрвна енергија, проект за “Развој на зелен и компетитивен сектор за бројлери кој придонесува кон намалена сиромаштија и подобрена исхрана на населението”, проект за проценка на методологијата за спроведување на национален инвентар на шумите, кои се од исклучително значење за развојот и модернизирањето на македонското земјоделство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e