Ќе се подобрува урбаната мобилност. Планот е Скопје да прерасне во велоград. Во наредниот период ќе се вложат 250 илјади евра, пари од Унијата, за изградба на патеки за велосипеди. Ќе се работи и на изведба на нови патеки за пешаци. Целта на проектот е да се намали употребата на автомобилите и повеќе да се користи јавниот превоз…
Со европски пари годинава ќе се градат велосипедски и пешачки патеки и паркинзи за велосипеди пред секоја институција. Ќе бидат вложени 250 илјади евра. Целта е да се користи алтернативен транспорт за да се намали сообраќајниот метеж во градот. Најавена е и изградба на четири железнички краци околу Скопје.
За намалување на метежот во идниот перид се предвидуваат конкретни решенија поголеми сообраќајници, подземна инфраструктура, и поинтензивно користење на јавен превоз. Ќе се користат и европските искуства.
Проектот за справување со урбаниот сообраќаен метеж финасиран од Европската комисија има цел да ја подобри урбаната мобилност за да се подобри квалитетот на живот.