Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски, еден од најслабите на речник портпароли што некогаш го имала оваа партија, познат по тоа што излегува на прес конференции изгужван како да го исфрлил Дунав, и човек кој сака нешто да каже а незнае како, неуверлив и несигурен во тоа што го зборува, истиот тој, денеска излезе на прес конференција и го обвини министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски за негова наводна поврзаност со некои лица кои во Крива Паланка демолирале кафеана. Таа наводна поврзаност, Арсовски ја докажува со некои фотографии, и толку.
На ова обвинување, Николовски веднаш излезе со остра реакција и барање Арсовски да се извини, во спротивно ќе заработи тужба.
“Најостро ги демантирам изнесените информации од страна на Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ, во врска со каква било моја поврзаност со луѓето кои учествувале во инцидентот кој се случил на 24.01.2022 во угостителски објект во Крива Паланка.
Во врска со овој настан надлежните институции имаат реагирано навреме и преземени се сите потребни мерки.
Пред законот сите се еднакви, секој кој го прекршил ќе одговара. ВМРО ДПМНЕ треба да се свесни дека помина времето на селективна правда, денес законот важи за сите. Доколку Арсовски веднаш не се извини, најавувам тужба за клевета.” – реагира Николовски.

Дури и на членовите на ВМРО-ДПМНЕ во Крива Паланка им е јасно дека Николовски нема никаква поврзаност со овие лица, и нивните коментари се во правец на тоа дека нивната партија, односно ВМРО-ДПМНЕ сакајки по секоја цена да наштети на угледот на Николовски, лажно обвинувајки го за вакви инциденти, всушност си прават самите штета на себе и партијата, бидејки цела Крива Паланка знае дека тоа се измислени лаги само за ситни дневно политички поени и ништо друго.
Јасно им е и на Арсовски но и на неговиот шеф Мицкоски дека Крива Паланка уште многу години ќе им остане невозможна мисија за победа, затоа што додека тие лажно клеветат, некој неуморно работи, додека тие “плукаат”, некој со сите сили се бори за својот роден крај, додека тие прават поделби на наши и ваши, некој друг неделејки ги луѓето партиски, помага на секого.
Димче Аросвски денеска по којзнае кој пат докажа дека е недораснат да се носи со позицијата портпарол на најголемата опозициска партија, затоа што како гласноговорник на ВМРО-ДПМНЕ се губи во улогата која му е даденa од неговиот шеф Мицкоски, како неискусен политичар да биде користен секогаш кога треба да се изнесуваат невистини и лаги за политичките противници.