Еве зошто е приведен Сокол Митревски

Покрај поранешниот градоначалник на Ѓорче Петров, осомничени се и други лица во предмет за незаконско приватизирано земјиште во сопственост на општината.

Од Основното јавно обвинителство информираат дека осомничените овозможиле земјиштето да биде откупено по цена од 1 евро за м2 иако пазарната цена на лицитација по редовна постапка би била значително повисока.

„На приватизацијата претходела постапка за утврдување на статусот на незаконито изградени три објекти, која била реализирана спротивно на закон. Како резултат на оваа постапка извршена е легализација на објектите и приватизација на земјиштето. Со тоа е овозможено земјиштето да биде откупено по цена од 1 евро/м2“, велат од Обвинителството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e