“Јас Бранко Тричковски можам да го убијам и да не ми трепне око” е статусот на Фејсбук за кој на актерот и член на Извршниот комитет Тони Михајловски му прети 5-годишна затворска казна.
Основното јавно обвинителство оценило дека Михајловски повикал на физичка ликвидација и ја загрозил сигурноста на новинарот Тричковски.
Ко што рече Ѓеро на насловна “Премиерно ќе го крка Тони Шанац”. Но, животот е тркало. Час си горе, час долу. Тоа што ме има во вашите црни тефтери за отстрел, што ги спомнуваше великиот режисер, само ми е доказ дека треба продолжам како и до сега – е првичната реакција на Михајловски по информацијата дека е поднесен обвинителен предлог против него.
Од Основното јавно обвинителство во Скопје информираа дека е поднесен обвинителен предлог против едно лице за закани упатени преку социјалната мрежа Фејсбук.
Михајловски се товари за кривично дело – Загрозување на сигурноста од чл.144 ст.4 од Кривичниот законик.
„Обвинетиот се товари дека на 16.06.2017 година, по пат на информатички систем, се заканил дека ќе стори кривично дело за кое е пропишана казна затвор од 5 години или потешка казна. Заканите биле објавени во форма на коментар на неговиот профил на една социјална мрежа и биле насочени кон оштетено лице – новинар, при што обвинетиот повикал на физичка ликвидација и ја загрозил сигурноста на новинарот“, информираа од Обвинителството.
