Еве што вели Мицковски за разрешувањето на Рангелова и Јанчев!

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во изјава за Плусинфо ги демантира информациите кои ги објави Либертас дека попладнево на седница на Извршниот комитет е планирано разрешување на потпретседателот Митко Јанчев и Даниела Рангелова, претседателката на Унијата на жените.

Лидерот на опозициската партија тврди дека станувало збор за шпекулации зготвени во кујната на социјалдемократите и јалов обид за дефокусирање на македонската јавност од суштинските проблеми во државата и од фактот дека референдумот беше неуспешен.

СДСМ, вели Мицкоски за Плусинфо, по неуспешниот референдум, наместо да одговори како се полнеа кутии и како беа уфрлени повеќе од 35.000 гласачки ливчиња, продолжуваат со дезинформирање на јавноста и оцрнување на опозициската партија.

– Најостро демантирам дека на седница на Извршниот комитет ќе се случи какво било разрешување во партијата. Ниту сум помисил, ниту планирам да има такво нешто. Јас ги разбирам СДСМ и луѓето околу нив и јасни ми се нивните намери и што сакаат да постигнат со вакви шпекулации и класини дезинформцаии насочени, пред сѐ, кон ВМРО-ДПМНЕ. Ние се подготвуваме за избори и немаме намера да се занимаваме со шпекулации на кујната на СДСМ по неуспешниот референдум – вели Мицкоски и додава дека станува збор за редовна седница на Извршниот комитет на која партијата планира да ги заокружи подготовките за претстојните предвремени парламентарни избори.

Тој демантира и дека барањето за разрешувањето на Јанчев и на Рангелова било стокмено токму по негова директива, а поради несогласувања околу партиската одлука секој да постапи по свое убедување на референдумот.

– Јас како претседател и како човек во ниту еден момент не сум помислил на такво нешто. Со Јанчев имам добра комуникација, токму утрово со него разговаравме. Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е јасен и неколку пати досега повторен и за ситуацијата пред и по референдумот, а секој што смета да постапи спротивно на волјата на граѓаните јасно изразена на 30 септември ќе ја загуби довербата од македонските граѓани – вели Мицкоски.

Либертас стои зад своите информации

Порталот Либертас не ја повлекува својата вест и останува зад информациите објавени во неа, односно дека извесно време односите на Мицковски со Рангелова и Јанчев се повеќе од заладени, а причина е референдумот и пораките од сестринската ЦДУ и меѓународните фактори дека ако не биде реализиран договорот од Преспа кој е услов за влез на Македонија во НАТО и добивање датум за преговори со ЕУ, виновна како што и јавно посочија ќе биде ВМРО ДПМНЕ.

Веста на Либертас нема никаква поврзаност ниту со СДСМ или со било која друга партијата, освен со посочената – ВМРО-ДПМНЕ, односно информациите се од висок функционер на партијата на Мицкоски.

Мицкоски демантира, но сепак во изјавата не го коментира фактот што потпретседателот Јанчев на последните состаноци на ИК на кој партијата градеше став за референдумот одлучи да не биде присутен со образложение дека е болен и гласал, телефонски како што изјави во медиумите, а не го коментираше ниту интервјуто на Рангелова за БИРН во кое таа јавно искажува несогласување околу политиката на својата партија во однос на референдумот и уставните измени и предупредува дека е можна изолација од сестринските партии.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e