Еве под кој псевдоним бил прислушкуван Зоран Заев

Хард диск на кој има нелегални прислушувани разговори од Зоран Заев, денеска беше презентиран во Кривичниот суд на судењето за „Таргет-Тврдина“.

Овој хард диск СЈО го зело од канцеларијата на Звонко Костовски во УБК, а од кој Костовски на 5-6 цедеа преснимувал разговори на Заев. Снимањето на разговорите Костовски, како што појасни обвинителката, го правел по наредба на Горан Грујевски.

Адвокатите на Сашо Мијалков реагираа дека сведокот Костовски не смее да го презентира доказот. Адвокатот Љупчо Шврговски истакна дека овој доказ бил користен против Костовски, како обвинет во случајот „Пуч“, па сега било недозволено истиот доказ да го коментира.

Судот го одби неговиот приговор и дозволи доказот да биде презентиран.

Костовски појаснуваше технички податоци, односно кој од броевите на соговорниците бил таргетот, во колку часот бил разговорот итн. Тој истакна и дека Заев бил прислушуван под псевдонимот „Зо За“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e