Времето утре ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен, а попладне засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието.
Во сабота, како и во недела во поголем дел од денот ќе биде стабилно, а нови пообилни врнежи се очекуваат во првите два дена од следната седмица. Температурата ќе биде во постепено благо опаѓање.
