Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во источните делови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд со грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец.
Во среда попладне и во четврток ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Од среда ќе дува северен ветер, а температурата ќе биде во опаѓање.
