Неколку медиуми денеска објавија вест дека претседателот Стево Пендаровски, кој беше поддржан од СДСМ и коалицијата, со назначувањето на новиот директор на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу и удрил шлаканица на ДУИ. Објаснувањето е дека ДУИ е против Муслиу, бидејќи тој „стои зад објавувањето на досиејата „Ибар“, „Мама“, „Вујко“ и „Стрелец“, кои се однесуваат на високи функционери на ДУИ во 2010 година“, меѓу кои и лидерот Али Ахмети.
И тука се плете цела приказна, повикување на „високи извори во ДУИ кои со сите сили ќе се спротивстават на именувањето на Муслиу на оваа функција, бидејќи според нив „таму треба да биде назначен некој со кредибилитет, а не некој кој учествувал во фалсификување на досиеја или производство на фалсификувани документи“. А ова е изјава на ДУИ од 2011 година, упатена до тогашниот претседател Иванов.
Но, што велат фактите?
Објектот од кој тргнуваат во веста, или во новинарството „кој“ (едно од петте прашања без кои нема вест) им е погрешен. Односно оној кого ДУИ го обвинуваат за фалсификување досиеја, документи, не е Еролд Муслиу, туку Хисен Муслиу!
Со ова, по новинарските правила тука нема вест, а во денешните околности ова е и лажна вест, која директно е насочена кон професионалниот кредибилитет на новиот директор на Агенцијата за разузнавање.
Случајот со Хисен Муслиу е од не така одамна, од 2010. Тој беше поранешен началник во УБК и беше уапсен во ноември 2010 година, кога во неговиот дом полицијата ги најде во електронска форма досиејата „Ибар“, „Мама“, „Вујко“ и „Стрелец“, наводно досиеја за високи функционери на ДУИ.
Беше осуден условно, а Апелација го врати случајот на ново судење. Поранешниот разузнавач се бранеше дека целиот случај е политички монтиран. Две години подоцна беше претепан во Тетово, при што имаше сериозни повреди.
Целито текст прочитајте го на НОВА ТВ.
