Експертите го оценија договорот како инвестиција во иднината

Договорот може да биде сериозна перспектива ако знаеме да ја искористиме – вака дел од аналитичарите го оценуваат договорот кој значи крај на долгогодишниот спор помеѓу Македонија и Грција. Со овој договор двете страни прават одредени отстапки, но придовките за Македонија се приближување до ЕУ и НАТО кои носат повисок стандард за граѓаните.

„Секој договор значи одредена отстапка, но Македонија со овој договор доби две важни придобивки“ – смета Насер Зибери.
Договорот е прилично сеопфатен и релативно балансиран. Ми се допаѓа отвореноста на некои членови затоа што оставаат простор за доуредување“ – вели Мирјана Најчевска.

Промената на одредени членови на Уставот не треба да се сфаќа трагично бидејќи тоа е документ кој може да претрпи промени ако има потреба и придобивка од тоа – сметаат експертите. И додека јавноста беше фокусирана на првите членови од договорот, аналитичарите ги оценуваат членовите со кои се уредуваат економско правните односи во иднина. Членот 18 предвидува враќање на југословенската спогодба со Грција од 1959 година што подразбира реципроцитетно признавање на легислативата и соработка за хидро економските прашања. Прашавме дали оваа одредба ќе ја олесни правната соработка во случаите како оној на Груејевски и Бошковски и како ќе влијае на трговско економските работи.

Целиот текст прочитајте го ТУКА.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e