Експерти: Субвенциите за електрични автомобили – предизборна популистичка мерка

Субвенционирањето на електрични возила не може да придонесе за намалување на загаденоста, доколку не се најде решение за старите возила кои ги преплавија улиците откако во 2010 година Владата го либерализираше увозот, оценуваат екологистите. – објави 24 Вести.
Според статистиката на Царинска управа од 2010 година, кога увозот се либерализираше, до август годинава во земјава влегле 215.000 половни автомобили. Најмногу увезени биле во првата година, или повеќе од 50.000. Додека се случувал наплив на корситени автомобили, се намалил увзот на нови – за 30 проценти.
Македонија ги отвори границите за увоз на половни автомовили со образложение дека ќе им се овозможи на граѓаните пристап до возила по поволна цена, и така ќе се обнови возниот парк. Неколку години подоцна, притсната од европската регулатива, земјава мора да ги крене стандардите.
Во моментов во Македонија можат да се увезуваат половни автомобили со стандард Еуро 4. Сега, Владата најави дека ќе дава државни субвенции од 3.500 до 5.000 евра за оние што ќе купат еко автмобили на струја. Ваквите мерки не се непознати за Европа, но во земјава, според експертите најпрво треба да се бара трајно решение за веќе хроничниот проблем со старите автомобили кои се возат по улиците.
Веста дека Владата финансиски ќе ја поддржи набавката на електомобили предизвика реакции во јавноста. Дел од граѓаните сметаат дека е мал бројот на луѓе кои можат да си дозволат набавка на вакво возило, но и дека во Македонија нема услови за нивно напојување. Според дел Владата предизборно најави популистичка мерка која не е остварлива.
Еколозите апелираат државата прво да го реши прашањето со половните возила кои се, велат, стари, небезбедни и големи загадувачи. На штетноста од овие автомобили неколку пати посочија од Сојузот на стопански комори.
Увозот на половни возила изминативе години значително ја намали продажбата на нови автомобили кои се еколошки поисправни.
Извор: 24 Вести

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e