Екс висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ до смрт избоден со нож од својот син

Крвава семејна драма се случила синоќа во скопската населба Црниче каде син до смрт го избодел со нож својот татко. Сосетка од улицата „Чедоми Каратџиев“ пријавила во полиција околу 22.15 часот дека соседи се степале и барале помош.

Неофицијално, според “Фокус” избодениот татко е поранешен претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Кисела Вода, со иницијали Љ. Т, кој наводно бил директор на фабрика.

Кога пристигнала полицијата го пронашла 68-годишниот скопјанец на прагот од дневната соба со убодни рани од нож и констатирала смрт. Сведок на настанот била сопругата. Според нејзиното сведоштво седела со сопругот во дневната, кога дошол синот, ја скршил влезната врата и ја избркал неа, а потоа го нападнал својот татко.

Синот е синоќа приведен и задржан во полициската станица во Кисела Вода.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e