Грчкиот премиер Алексис Ципрас заедно со 70 грчки бизнисмени ќе го посети Скопје, објави АНА-МПА.
Делегацијата е поддржана од грчки компании од енергетскиот сектор, градежништвото, индустриските производи и високата технологија, кои сметаат дека постои простор за инвестиции во Северна Македонија.
Ципрас во Солун изјави дека грчките претприемачи би можеле да одиграат клучна улога во економскиот раст на нашата земја.
За време на посетата на Ципрас, ќе бидат потпишани билатерални договори во голем број области.
