Македонија прави забележлив напредок на евроинтеграцискиот пат и Европската комисија е подготвена да изработи препорака за отворање на преговори врз основа на исполнети критериуми, се вели во Стратегијата на ЕК за Западен Балкан, што на заедничката прес-конференција денеска ја претставија високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.
Во извештајот на ЕК се посочува дека сите земји од Западен Балкан имаат можност за напредок на својот евроинтеграциски пат, дека сите земји се оценуваат на фер и објектива основа, зависно од нивниот напредок и заслуги и во зависност од нивната брзина.
ЕК посочува дека ваквата перспектива целосно зависи од силната политичка волја, испораката на вистински и одржливи реформи, како и дефинитивни решенија на проблемите со соседите.