Во текот на вчерашниот ден во 05.20 часот на Граничен премин “Деве Баир”, на влез во РМ, поради постоење на сомнение за сторено кривично дело „Фалсификување исправа-зелена карта“ приведен е Д.Н.(44) од Р.Турција. Лицето е задржано во Полициска станица Крива Паланка за понатамошна постапка.