Во текот на вчерашниот ден во 15.50 часот на Граничниот премин „Деве Баир“, со товарно возило „Сканија“ со турски регистарски ознаки допатувал К.А. (31) од Република Турција. При контрола на возилото било констатирано дека зелениот картон е фалсификуван. К.А. бил приведен во Полициската станица Деве Баир, по што бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.