Еден од осомничените во случајот „Рекет“ веднаш од пленот си потрошил набрзина 180.000 евра, дознава Дојче Веле.
Овие пари биле потрошени непосредно по заминувањето со одземениот милион евра, тврди изданието. Два-три дена по земањето на милионот од домот на оштетениот, заминал во странство каде што за неколку дена време на луксузирање потрошил околу 180.000 евра.
Се работи за втородоставената сума од еден милион евра која осомничените ја земале веднаш спакувана во луксузна торба, како што беше прикажано и на снимка објавена од онлајн изданието на италијанскиот весник „Ла Верита“
Обвинителката Вилма Рускоска вчера изјави дека сѐ уште се работи на финансиската истрага и дека за дел од парите знаат каде се, а за дел работат на тоа.