Еден нон-пејпер, толку голема врева

Забелешките во документот се важни, но нон-пејперот е само дел од новата политика на Емануел Макрон за иднината на Европа и кокетирањето со „добриот“ популизам на холандската влада на Марк Руте- колумна на Љупчо Поповски
Одамна еден неофицијален документ не предизвикал толку голема врева во македонската јавност (а да не е поврзан со името) како нон-пејперот на Франција и Холандија околу можното отпочување преговори на Европската Унија со Македонија и Албанија. Забелешките на Париз и Хаг дека „во ПЈРМ и покрај вистинските промени во општата атмосфера во земјата, извештајот не покажува јасен суштински напредок во спроведувањето на Итните реформски приоритети. Имплементацијата на новите судски реформи е тукушто започната и треба долгорочен напредок и континуирана промена во однесувањето. Борбата против корупцијата и организираниот криминал сѐ уште не даде задоволувачки резултати“ ѝ дадe вистинска муниција на опозицијата во политичката борба и нејзините тврдења дека оваа влада не направила ништо за напредок на земјата. Забелешките за Албанија се речиси исти – судските реформи се на почеток, корупцијата останува сериозен проблем, а има остварено мал напредок во борбата против организираниот криминал. Затоа, Париз и Хаг мислат дека не се исполнети условите за отпочнување преговори со Албанија и Македонија.

Без оглед дали се ова само почетни позиции на двете држави во донесувањето на конечната одлука на европските лидери на самитот на крајот на месецот и дека тие можат да се изменат дотогаш, овие ставови предизвикаа голем сомнеж во вистинските намери на членките на ЕУ и нивната декларирана политика за европската иднина на Западен Балкан. Холандскиот и францускиот амбасадор во Скопје, Ваутер Пломп и Кристијан Тимоние, мораа да се обидат да ги извадат врелите костени од огнот и да објаснуваат дека овие заклучоци не се конечни.

Текстот во целост прочитајте го ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e