Ечат бомби на „Монструм“

а денешното рочиште за предметот „Монструм“ се слушаат прислушуваните материјали кои до СЈО ги има доставено Зоран Заев.

На првиот од 25-те телефонски разговори кои ќе бидат пуштени во судницата, се слушна гласот на екс министерот Миле Јанакиески, кој разговара со тогашната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска.

Јанакиески на својот соговорник му вели дека децата крај Смилковското езеро биле убиени со рафални истрели, а рибарот што се нашол таму е застрелан бидејќи бил сведок.

За петкратното убиство на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, во претходна постапка на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири и им определи мерки на претпазливост.

По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.

Извор: 360 степени

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e