Утре ќе дознаеме кој ќе биде техничкиот премиер, по завршување на состанокот на Извршниот одбор на СДСМ. За ВМРО-ДПМНЕ за сега немам информации дали имале средба и кои ќе бидат техничките министри, изјави првиот човек на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери.
Тој исто така информираше дека координаторите на пратеничките групи се договориле за голем број на закони кои треба да бидат донесени како оние за труд и социјална политика, финансии, повисоки плати и пензии кои мора да настапат од 1 јануари. Тие уште утре ќе се најдат на дневен ред и ќе започнат пратениците со гласање. Сепак засега уште нема договор помеѓу двете најголеми партии за Законот за јавно обвинителство и Законот за одбрана.
Во однос на краткиот временски период, Џафери вели дека е можно целата процедура за изгласување техничка влада може да се заврши во еден ден, на 3 јануари.
-Може да се ораганизира се да се заврши на 3 јануари за техничката влада. Оставката на премиерот, давање на мандатот од страна на претседателот на државата, изгласување нов технички премиер и новите министри, вели Џафери.