Џафери ќе реагира на барањето за одземање на имунитетите на пратениците

„Доколку до мене биде доставено барање од соодветна надлежна институција од судската власт јас не можам да избирам меѓу тоа дали ќе постапувам или не, затоа што како претседател на Собранието мора веднаш да ја препратам до комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања која е надлежна да расправа за барањето, изјави претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Џафери кој е во посета на Шведска, посочи дека извештајот на комисијата потоа треба да се врати до него, а врз база на тој извештај, претседателот на собранието свикува соодветна седница на која се расправа по однос на предлогот и барањето и за тоа одлучува Собранието. Џафери вели дека како претседател на Собранието нема намера да ја коментира одлуката и надлежноста на соодветното обвинителство по однос на наредбите што тоа ги издаде.

„Но, во контекст на процедурите кои се пропишани со устав и со деловникот за работа на собранието, сметам дека има дилеми по однос на почитувањето или непочитувањето докрај на соодветната процедура апропо одредбите од член 64 од уставот каде е стриктно прецизирано дека пратеник не може да се лиши од слобода без одобрение на Собранието. Оваа одредба потоа ја прецизира деловникот во деловите од членот 53 до 59 во сите аспекти на спроведувањето на таа одлука на обвинителството. Во тој контекст сметам дека не се докрај испочитувани процедурите.“ – изјави претседателот на Собранието Талат Џафери.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e