Џафери испрати пакетчиња за децата хоспитализирани на Детската клиника

Претседателот на Собранието, Талат Џафери испрати новогодишни пакетчиња со книги за дечињата хоспитализирани на Детската клиника во Скопје.

Како што соопшти собраниската Прес-служба, Џафери до Посебното основно училиште „Иднина“ во Скопје и до Посебното основно училиште „Златан Сремец“ испрати нагледни средства за настава за секое училиште, согласно потребите на учениците и наставниците и соодветните наставни програми.

– Со оглед на здравствените протоколи во насока на почитување на мерките за заштита, особено на најмалите, претседателот Џафери не присуствуваше на доделувањето на пакетчињата. Тој испрати честитки и писма за благодарност за вработените во споменатите институции, во кои се заблагодари за работата и делата кои вработените ги реализираат секојдневно, за нивната посветеност во работата и во вонредни услови, истакнувајќи дека среќата треба да се споделува, зашто на тој начин таа расте и обзема, се вели во соопштението.

Вработените на Детската клиника, како што се наведува, се заблагодарија за постојаната поддршка на спикерот Џафери, како и за отвореноста на Собранието кон нивната институција. Директорките на ПОУ „Иднина“ и „Златан Сремец“ искажаа благодарност за подготвеноста на претседателот Џафери да излезе во пресрет на потребите на учениците и училиштата и да ја дополни радоста на отворање пакетче со радоста на нагледните средства кои ќе им бидат од полза цела година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e