Двајца припадници на АРМ се повредиле користејки автоматска пушка

Двајца припадници на АРМ од Тетовската касарна „Кузман Јосифовски Питу“ денеска со прострелни рани се донесени во Ургентниот центар во Скопје.

Ова денеска за МИА го изјави директорот на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ), Илир Хасани, кој рече дека во моментов на војниците им се прават потребните испитувања и снимања на Клиниката за радиологија, но и двајцата се во стабилна состојба и надвор од животна опасност.

Посочи дека попладне најверојатно ќе им биде извршен оперативен зафат.

Оо Генералштабот на АРМ за МИА информираа дека двајцата војници се повредиле од испукан еден куршум од „митралез“ при чистење на оружје.

– Утрово во 9:55 часот, во касарната „Кузман Јосифовски-Питу“ во Тетово дојде до повредување од огнено оружје на двајца професионални војници на АРМ. Според првичните информации, при чистење на оружје „митралез“ испукан е еден куршум при што со прострелни рани во надколеница и подколеница се повредени професионалните војници М.Ј и В.Ш, наведуваат од АРМ.

Повредените војници биле пренесени во болницата во Тетово, а потоа префрлени во Клиничкиот центар во Скопје.

Надлежните органи од МВР и АРМ работат на целосно расчистување на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e