Според анкети спроведени по барање на владејачката партија, Стево Пендаровски во вториот круг од претседателските избори ќе влезе со предност од околу 90.000 гласови.
Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски во првиот круг ќе води со предност од 8 до 10 % пред противкандидатката Гордана Силјановска Давкова и во вториот круг ќе влезе со предност од околу 90.000 гласови. Ова го покажуваат теренските анкети спороведени по барање на СДСМ, велат за ДВ партиски извори. Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ не беа достапни да одговорат какви се резултатите од анкетите спроведени по нивно барање. ДВ ќе ги објави и тие резултати доколку партијата реши да ги сподели со јавноста.
Анкетите спроведени по барање на СДСМ покажуваат дека разликата меѓу гласовите што би ги добиле претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова, воопшто не е во рамките на статистичка грешка, како што покажаа резултатите од телефонската анкета спроведена од „М-Проспект“, кои неделава ги објави ТВ „Телма“. Според таа анкета, доколку утре се одржат претседателски избори 25 отсто до граѓаните би гласале за Пендаровски, 22,4 отсто за Силјановска и 10.09 отсто за Блерим Река. Со оглед дека беше посочено оти овие резултати се подложни на статистичка грешка од 3,1 отсто, практично произлегува дека двајца од кандидатите се речиси изедначени со оглед дека ги дели разлика од 2,6 процентни поени во првиот круг.
Целиот текст на Дојче веле прочитајте го на линкот тука.