Али Ахмeти го отвора проблeмот со незаконската изборна единица во Собранието, откако Минситерот за правда од неговата партија се прогалси за ненадлежен. – објави 24 Вести.
Од ДУИ за 24 Вести велат дека почнуваат консултации на ниво на пратенички групи околу проблемот со незкаонската шеста изборна единица, за која подолг период алармира ДИК. Но, според информациите од партијата на Ахмети – освен прекројување на шестката, ДУИ ќе го отвори прашањето за ревизија и на останатите изборни единици, сообно на 3 и 4-та, кои велат ако не овие избори, следните повторно ќе бидат проблем.
ДУИ има конкретни предлози како да се реши проблемот со незакоснката шеста изборна единица, но и за останатите изборни единици. Но најпрво претсвниците на пратеничките групи да седнат и да ја констатирата потребата од ревизија, па потоа ќе преговараме и за конкретни прекројувања.
Интенцијата на ДУИ не е валдејачката коалицја да договори предлог и да го достави до пратениците од опзиицијата, туку во согалснсот со прижнските преговори ова прашање да се реши со консензус, велат од ДУИ.
Од Мала Речица не сакаат да ги откријат нивните предлози за останатите изборни единици, за шестата велат дека најприродно би било цел Дебар да се пресели во петка. Од координаторите на пратеничките групи не можеше да се добие коментар дали Талат Џафери веќе ги седнал на маса.
И додека на помалку од месец до распуштањето на Собранито се отвора прашањето за прекројување на изборните единици, од ДИК и денеска порачаа дека шестката сериозно отстапува од дозволеното и тоа може да има последици на изборите.
Според податоците од ДИК шестката има речиси 30.000 гласачи повеќе од третата изборна единица. Последен пат прекројување имаше пред изборите во 2014-та, кога половина Дебар се пресели во петка.
Извор: 24 Вести