Дронзина: Хибридната војна за време на изборите во Македонија во голема мера се водеше од територијата на Бугарија

Хибридните закани се динамични процеси и претставуваат опасност по сите земји од Југоисточна Европа, а враќањето на интересот на САД на овој дел од Балканот е за поздравување, истакна проректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“, Маријан Ѓуровски на Регионалната школа за безбедност на тема „Хибридните закани и нивниот импакт на демократијата-предизвици за регионална соработка“.

„Чест, но и обврска е членството во НАТО. Можноста за добивање на информацијата од останатите 29 земји членки е добредојдена за побрзо и поефикасно справување со секој тип на вакви хибридни, но и асиметрични закани“, потенцираше Ѓуровски.

Директорот на Агенцијата за национална безбедност Виктор Димовски наведе дека хибридните закани во поседно време стануваат сериозна закана за националната безбедност како во нашата земја, така и во регионот.

„Имаме индиции и поседуваме факти дека како земја сме изложени на вакви закани и затоа Влада изготви предлог план за одлучна акција за спротивставување на дезинформациите“, посочи Димовски и наведе дека земјата соработува со структурите на НАТО и ЕУ.

Татјана Дронзина, професор на Државниот Софиски Универзитет, истакна дека целосно се согласува со тоа дека постојат хибридни закани, посочувајќи оти тоа се гледа во работата на медиумите, на политичките партии кои не работат за националните интереси, како и при донесување на одлуките за Бугарија, бидејќи решенијата се наоѓаат надвор или за нив се прашуваат други луѓе.

„Хибридната војна за време на изборите во Македонија во голема мера се водеше од територијата на Бугарија бидејќи таму се наоѓаше седиштето на руското разузнавање. Се приклучувам кон ставот на колегите дека заедно треба да се бориме, затоа што иднината, како на Бугарија, така и на Македонија е во ЕУ и НАТО“, потенцира Дронзина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e